Колку и да е добар - тој заминува на нова должност во Европа

Чилеанецот и оваа сезона на свој грб го влече Арсенал, а ноќеска исто така на мечот против Мидлсброу, постигна гол за водство, во натпреварот кој подоцна го добија со 2:1.

Но „топчиите“ сега имаат друга грижа на својот грб, бидејки ПСЖ се наметнува како сериозна дестинација на Чилеанецот, место каде можат да му понудат сериозно подобри услови отколку во Лондон.

За Санчез постои и опција за враќање во Италија, но тој преферирал тоа да биде Франција и ПСЖ, и доколку договорат трансфер сума, Санчез ќе биде нов играч на Парижаните, а најгласен во тие информации е францускиот весник Лекип, кој тврди дека има вербален договор меѓу двете страни, и дека како и да заврши сезоната за Арсенал, Санчез заминува на нова должност.

Санчез моментално инкасира околу 8 милиони евра по сезона, а доколку ПСЖ планира да го ангажира, сигурно ќе му понуди подобри услови.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top