Колумбиската легенда се изнервира: Реал е клуб на стаорци, доста ми е веќе од нивните кражби

Драматичната победа на Реал над Баерн уште долго ќе биде топ тема во европскиот фудбал и тоа не поради фудбалската уметност, туку поради неверојатните судиски грешки..

Веќе почнаа прозивки на сметка на Реал кому не му е првпат оваа сезона да ја има судиската помош во елитното фудбалско натпреварување. Меѓу првите се јави колумбиската фудбалска легенда Фаустино Асприља кој остро го нападна “кралскиот клуб”.

“Доста веќе! Доста веќе голови од офсајд, црвени картони… Доста веќе кражби во корист на овој клуб. Реал е клуб на стаорци”, напиша Асприља.

Прозивките од фудбалскиот свет нема да му го одземат на Реал пласманот во полуфиналето, но од година во година Лигата на шампионите станува натреварување во кое за освојувачот на титулата повеќе одлучуваат судиите, отколку фудбалери.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top