Комисијата за европски прашања ја заклучи амандманската расправа за Законот за јазици

Пред полноќ, Комисијата за европски прашања го заклучи третиот ден од амандманска расправа во однос на Предлог законот за употреба на јазиците..

Комисијата за европски прашања, три работни дена водеше претрес по првиот амандман, и не успеа да се произнесе за него. Во согласност со Деловникот, Комисијата не водеше претрес и по останатите поднесени амандмани бидејќи беше истечен рокот од најмногу три работни дена за водење на претресот по амандманите. 

Со тоа, Комисијата за европски прашања ја затвори 6-тата седница без ниту еден прифатен амандман од сите 90, колку што беа поднесени и Предлог законот за употреба на јазиците го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top