Комити повикуваат на македонска Парада на Гордоста!

Без оглед што ќе се случи денес во Келн, Шампионските срца заслужуваат величествен пречек!.

Парадата на Гордоста започнува со Пречекот на Аеродромот Александар Велики, каде одиме со автомобили, потоа со Дефиле од илјадници автомобили, мотори, веспи, автобуси, велосипеди, тротинети…заедно со Шампионите се упатуваме кон Плоштадот Македонија на голема заедничка прослава !!!

Ја Повикуваме цела Црвено-Црна Армија и цел Македонски народ заедно со овој голем успех да ја прославиме Храброста, Истрајноста, Борбеноста, Непокорот а со малку повеќе среќа и Божја волја – Втората Европска Титула !!!

Оваа Парада на Гордоста воедно е и прослава на нашиот 32 Роденден !!!

Ги повикуваме ЈСП Скопје и приватните превозници да им овозможат на сите оние кои немаат сопствен превоз до Аеродромот, а горат од желба да ги пречекаат јунаците тоа да им го овозможат, стои во повикот на Комитите објавен на Фејсбук.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top