Компаниите можат да аплицираат за финансиска поддршка од владата за поврат на инвестиција и нови вработувања

Над 30 милиони евра наменети за поврат на инвестициите што странските, но и домашните фирми, ги реализирале во земјава во текот на минатата година..

Петгодишната владина програма предвидува поддршка на инвестициите, а ќе придонесе за зголемување на извозот и отварање нови работни места. Од Владата информираат дека во септември компаниите ќе добијат поврат на дел од средствата вложени како капитални инвестиции во текот на 2017 година.

Вкупната државна помош не може да надмине 50% од капиталните инвестиции и се однесува на производствените компании. Се нуди и финансиска помош во висина до 20% за новоотворените работни позиции со минимална нето месечна плата од 18.000 денари.

Стопанските комори се задоволни од оваа Програма за финансиска поддршка зашто, како што велат, опфатени се барањата на нивните членки.

Крајниот рок за аплицирање за поврат на инвестициите направени во текот на минатата година е 30 јуни. За овогодинешните вложувања, пак, компаниите може да поднесуваат барање за рефинансирање во текот на целата година, а истите ќе бидат исплатени во 2019 година.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top