Компјутерска грешка го запре железничкиот сообраќај во Париз

Грешка во компјутерскиот систем предизвика прекин на сообраќајот на железничкиот сообраќај на станицата Монпарнас во Париз..

Како што соопштила Француската железница дефектот што се случил напладне предизвикал метеж на станицата. Генералниот директор на Железницата, Ален Кракович, рекол дека сообраќајот ќе се нормализира дури утре наутро.

До дефектот дошло при замена на еден со друг, подобар компјутерски систем.

На крајот на јули станицата Монпарнас била затворена три дена, исто така, поради грешка во системот.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top