Компликации на трансфер-пазарот: Мбапе доживеа повреда, изгледа лошо!

Еден од најбараните фудбалери на трансфер-пазарот Килијан Мбапе доживеа повреда на синоќешниот натпревар против Тулуз на отворањето од новата сезона во француското првенство..

При еден пробив кон противничкиот гол врз него стартуваше фудбалер на Тулуз при што јасно се виде дека зглобот се превитка. Откако утврди дека не може да продолжи, Мбапе самиот го напушти теренот и повеќе не се врати на него.

Ситуацијата со Мбапе ги вознемири Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Сити кои беа заинтересирани за младиот напаѓач. Монако синоќа два пати губеше, но на крајот победи со 3-2.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top