Конечно прифатена понудата на Интер, „Нероазурите“ го добиваат посакуваното засилување

Интер е се поблиску до трансферот на Николо Барела, со оглед на тоа дека Каљари наводно одлучи да ја прифати понудата на „Нероазурите“ од 45 милиони евра плус бонуси..

Италијанскиот играч за врска се поврзуваше со Рома, Наполи, Милан, но не криеше дека го фаворизира Интер и најмногу „навиваше“ за трансфер во редовите на „Нероазурите“.

По повеќе неделните преговори, „Скај Спорт Италија“ тврди дека вечерашниот состанок бил одлучувачки и дека на крајот бил постигнат договор за трансфер на играчот од Каљари во Интер.

Се верува дека Каљари ја симнал бараната сума од 50 милиони евра плус бонуси на 45 милиони плус бонуси, што на крајот Интер ја прифати.

Клубот од Сардинија исто така се согласиле Интер да ги исплаќа парите во следните неколку години, а се верува дека во следните 48 часа играчот и официјално ќе прејде во Интер.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top