Конгрес на ДПА

Мотото на овој конгрес е „Одиме напред“, но, Села го нарече овој највисок партиски собир на ДПА „приватна забава на Тачи и на Орхан Ибраими“, а себе се означи како предводник на „Движењето за внатрешни реформи во ДПА“..

Во Тетово денеска ДПА го одржува својот 6-ти конгрес. Во преден план се напорите на Мендух Тачи да се одржи на лидерската позиција, и барањата на струшкиот градоначалник Зијадин Села за внатрешно-партиски реформи, пишува Дојче веле на македонски јазик. 

„Криминалци, национални предавници, создавачи на коруптивни афери, корисници и растурачи на наркотични средства...“ – ова е само дел од „тешката вербална артилерија“, со која во изминативе месеци особено во оваа година распукаа меѓусебно едни кон други лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи и неговите соработници, од една страна, и неговиот досегашен пулен, но и веќе огорчен противник – струшкиот градоначалник Зијадин Села, во улога на „реформатор на партијата“ со своите истомисленици, од друга страна. Тачи и Села се вкопаа во своите ровови и се обидуваат на секој начин да се оцрнат еден друг, кој кого повеќе, спроти денешниот (12.10.2014) 6-ти конгрес на ДПА во Тетово.

Мотото на овој конгрес е „Одиме напред“, но, Села го нарече овој највисок партиски собир на ДПА „приватна забава на Тачи и на Орхан Ибраими“, а себе се означи како предводник на „Движењето за внатрешни реформи во ДПА“. 

Во своите последни јавни истапувања низ медиумите во Македонија Села се огласи со тврдења дека „Мендух Тачи поради својот стил на раководење и манипулирање со Демократската партија на Албанците го загубил легитимитетот да ја води натаму“ и оти „сега ДПА е окупирана“. Струшкиот градоначалник му порача на Тачи дека ќе го тужи на суд, поради „манипулирање и непочитување на партискиот статут“. 

Врвот на внатрешните судири во оваа партија на Албанците е, веројатно, одлуката на Села е утре во скопската општина Сарај тој и неговото „Движење за реформа во ДПА“ да одржат „реформаторско собрание“ со последна порака до Тачи конечно да се оддалечи од лидерската позиција и поради „постојаните порази што ги доживува ДПА на изборите поради него“.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top