Конте ја анализира Барселона и посочи што треба неговите играчи да сторат

По редовното коло во Серија А, Интер и Конте сега размислуваат за Барселона и ЛШ..

Нераѕурите по убедливата победа кај Сампдорија со 3:1, со одличен мотив ќе играат дерби против каталонската екипа.

Конте истакна што очекува и што треба да сторат неговите играчи на мечот со Барселона.

„Мора да ја вратиме нашата енергија за да имаме интензивен натпревар против силна екипа. Доколку сакате да и пркосите на Барселона, мора да имате интензитет на натпреварот, но во исто време и да бидете одмерени во тоа да им дадете лимитирана игра, во спротивно ќе имате проблем“.

„Мора да бидеме добри во дриблинзите. Ваков почеток за нас во Серија А е резултат на напорна работа и многу истрајност од играчите, кои се интегрален дел од успехот. Со Барселона мора да бидеме внимателни“, рече Конте.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top