Конте: Не прифаќаме лицемерни лекции од Франција

Италија нема да прифати „лицемерни“ лекции од земјите кои на имиграцијата отсекогаш ѝ го вртеле грбот, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте..

На тој начин тој одговори на критиките на Франција во врска со бродот Аквариус со 629 мигранти.

„Изјавите во врска со (хуманитарниот брод) Аквариус што доаѓаат од Франција се изненадувачки и покажуваат значителен недостиг на знаење за тоа што всушност се случува. Италија не може да прифати лицемерни лекции од земјите што отсекогаш претпочитаа да ѝ го свртат грбот на имиграцијата“, соопштено е од кабинетот на Конте, пренесе Ројтерс.

Франција претходно ја критикуваше Италија бидејќи не дозволи бродот со мигранти да пристане во нејзините пристаништа и побара од Рим да ја промени својата позиција.

Преполнетиот хуманитарен брод Аквариус го правел четиридневното патување до Шпанија крајно опасно. Затоа, мигрантите се префрлени на уште два италијански брода пред да заминат на пат на запад.

На тој начин останал само еден хуманитарен брод да патролира околу либискиот брег. На Аквариус ќе му бидат потребни десетина дена да отплови до Шпанија и да се врати, со што холандскиот брод останува сам кај Либија во потрага по мигранти.

Примивме „гест на солидарност од Шпанија“. Таков гест не дојде од Франција, која повеќекратно усвојува мерки кои се сѐ поостри“ во смисла на прифаќање мигранти, се вели во текстот на италијанската влада.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top