Конте одби да се ракува со Мурињо, Жозе реагираше: Зарем треба да го бркам по теренот?

Мечот помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед имаше и трето полувреме а главните актери беа тренерите на двата тима..

По последниот судиски свиреж Антонио Конте одби да се ракува со Жозе Мурињо и веднаш отрча во теренот да се радува со играчите. На ова Португалецот не остана без коментари и изјави:

„Зарем сакате да го бркам по теренот. Се ракував со луѓето околу него. Мислам дека меѓу нив беше и неговиот брат кој е асистент. Ако се ракував со неговиот брат и останатите асистенти, верувам дека својата должност ја одработив. Не можам да одам по теренот и да го бркам за да се ракуваме“, со висок тон изјави Мурињо.

Италијанецот на клупата на Челзи, веднаш во ист стил му врати на Жозе.

„Мора да ја заработиш почита на тере, а не надвор од него. На крај не е важно тоа, битно е што победивме“, изјави Конте.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top