Конте си оди, Италијанец доаѓа на негово место на клупата на Челси?

Италијанскиот стручњак Антонио Конте би можел да биде заменет со Карло Анчелоти веќе во текот на оваа сезона, сметаат англиските медиуми..

Причина за тоа не се само минималните шанси да се одбрани титулата во Премиер лигата, туку и однесувањето на контроверзниот стручњак кој уште е несреќен поради тоа што не му беа донесени посакуваните засилувања во летниот преоден рок. Анчелоти веќе беше менаџер на Челси од 2009 до 2011 година кога успеа да освои една титула во домашното првенство, а во моментов е слободен откако си замина од Баерн.

Челси во моментов заостанува 14 бода во однос на Сити и дури ни најзагреаните навивачи не веруваат во нова титула.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top