Конзервативната европратеничка не се согласува со договорот на Заев со Ципрас

Конзервативката Маријана Петир, која е позната по тоа што ги бранеше ставовите на претходната влада на Македонија во Европарламентот, изрази незадоволство од постигнатиот договор помеѓу премиерите на Македонија и Грција.

Хрватската европратеничка реагира преку својот профил на „Твитер“ по информацијата дека македонскиот премиер Зоран Заев постигнал договор за името на државата Македонија со неговиот грчки колега Алексис Ципрас. 

„Некако би било логично да го праша претходно народот што мисли за промената на името и на идентитетот на државата, а потоа да склучува договори“, твитна основачката и шефица на Групата на пријатели на Република Македонија во Европски парламент до разрешувањето од Владата на Заев во февруари годинава



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top