Конзулот на Република Македонија во Мелбурн - Бети Коруновска го честита држаниот празник

Честитка од Конзулот на Република Македонија Бети Коруновска по повод 23 Октомври..

Почитувани Македонци,

Дејствување во природните историски граници за политичка автомија на Македонија, заштита на државните интереси, приоритети, вредности и културно историско наследство, биле мотивите за создавање на Македонска Револуционерна Организација, формирана на денешен ден, 1893 година.

Светла точка во македонската историја, која ја разбуди свеста кај народот, дека е достоен да има своја држава.

Илинденското востание-круната на револуционерното движење во Македонија, го сврте вниманието на   Европа и светот да погледнат кон нерешеното македонско прашање. Победи и порази, восхит и очајување но, секогаш една единствена цел за сите- слобода за Македонија и создавање на самостојна македонска држава.

Република Македонија, во денешно светло е наша гордост, каде и да сме во светот. 

Идеалистичко минато, стабилна сегашност и посветени чекори за успешна иднина.

Нека ни е честит Денот на македонската револуционерна борба.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top