Kоронавирусот зафати 204 земји во светот

Во светски рамки, бројот на заразени со коронавирусот надмина еден милион, поточно, според веб-страницата на „Ворлдометерс“, регистрирани се вкупно 1.015.877 заразени лица..

До денес, епидемијата зафати 204 земји и територии во светот, вкупно 53.221 починаа, а закрепнаа 212.993 лица.

Постојат 749.924 активни случаи, од кои 95% или 712.270 имаат умерена клиничка слика и 5% или 37.654 се во сериозна состојба.

Најголем број заразени лица има во САД, 245.341, по што следуваат Италија со 11.534, Шпанија со 115.224, Германија со 84.794 и Кина со 81.620 заболени.

Најголем број на смртни случаи како резултат на коронавирусот има во Италија, речиси 14.000, потоа во Шпанија над 10.000 и во САД нешто над 6.000.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top