Косово доби јасна порака од ЕУ дека не е држава

Косово во Европската Унија не се третира како суверена држава, но функционерите на ЕУ тоа прашање секогаш го релативизираат зборувајќи за „европската перспектива“, пишува Коха диторе..

Во текстот се наведува дека, меѓутоа, никогаш до сега не било толку јасно дадено до знаење дека Косово не е држава за Европската Унија и дека нe може да се кандидира за членство во Унијата, како што тоа неодамна го направи портпаролот на ЕУ Петер Стано на конференција за новинарите, пренесува Косово онлајн.

Коха потсетува дека Стано ова го кажа одговарајќи на прашањето дали Косово може да се пријави за членство во ЕУ, откако сега е потписничка на документите потпишани во Вашингтон, каде што беше ветено дека нeма да се бара членство во меѓународните организации.

Стано не сакаше да коментира што се случило во Вашингтон, кажувајќи дека тоа ги засега страните во договорите, а не ЕУ, туку се огpаничи на објаснувања во врска со можноста Косово да аплицира за членство во ЕУ.

„Што се однесува до вашето прашање дали Косово ќе може да се пријaви за членство во ЕУ, морам да ве потсетам на фактот дека сѐ уште има пет држави членки кои тоа не го признале. Косово сѐ уште не е во можност да поднесе формална пријава за членство во ЕУ“, кажа портпаролот на ЕУ, додавајќи дека Косово има јасна европска перспективa


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top