Косово го одложи предавањето на барањето за УНЕСКО

Косово го одложи предавањето на барањето за членство во Организацијата на ОН за образование, наука и култура УНЕСКО, соопшти косовското Министерство за надворешни работи..

„Прагматичната одлука за одлагање на членството на Косово во Интерпол и УНЕСКО се базира врз целосна и блиска координација со САД и другите сојузници“, се наведува во соопштението во кое се оценува дека одлагањето придонесува за јакнење на меѓународната позиција на Косово и за промоција на мирот во регионот. 

Во соопштението, што го пренесува српската новинска агенција Бета, се додава дека Косово досега стана член на над 80 регионални, европски и светски организации.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top