Косово повторно се обидува да влезе во Интерпол?

Косово повторно се обидува да стане член на Интерпол, а писмо за тоа не генералниот секретаријат на меѓународната полициска организација испратиле косовскиот премиер Рамуш Харадинај и министерот за полиција Екрем Мустафа..

Приштинскиот портал Калко тврди дека имал увид во мејловите кои Харадинај и Мустафа му ги испратиле на генералниот секретар на Интерпол Јирген Шток.

Според приштинскиот портал, ова ќе биде десетти обид на Косово да се приклучи на членството во Интерпол, но секој пат досега беше одбивано.

Минатата година Генералното собрание на Интерпол го отфрли барањето на Приштина за членство со големо мнозинство гласови од вкупно 192 земји членки.

За прием во членството на најголемата светска полициска организација потребно е двотретинско мнозинство, кое Приштина сѐ уште не успева да го обезбеди.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top