Косово сериозно ќе се засилува за Македонија – има листа со 11 „Швајцарци“?

Северниот сосед Косово е првиот противник на Македoнија во мартовските баражи за пласман на Евро 2020, па Косовците сериозно се ангажирани за уште повеќе да се засилат пред клучните пресметки за место во европскиот фудбалски лист,..

Како што објави косовскиот весник Зери, поради огромниот број на албански иселеници во Швајцарија, на листата има фудбалери кои играат важна улога во низа клубови во првата, но и втората лига на оваа земја и може да играат за Косово. Во преден план се добро познати фудбалери како Кемал Адеми од Базел, потоа двоецот од Сион, Барстиен Тома и Пајтим Касами, па Томи Догмони од Цирих и Анди Зекири од Лозана.

Покрај овие фудбалери на листата на потенцијални засилувања во следните месеци се и играчи како Адријан Никчи и Амир Саипи од Шафхаузен, Кастриот Имери од Сервет, Тисијан Туши од Базел, Лавдрим Зумбери од Цирих и Бледан Красниќи од Вил.

Весникот потенцира дека тешка задача е пред фудбалската федреација на Косово за да ги убеди сите 11-мина потенцирани играчи да заиграат за најмладата селекција во Европа, но очекуваат добар дел од овие во следните месеци да бидат засилувања, па репрезентацијата да добие уште повеќе на квалитет за пресметките во мартовските бараж средби во Лигата на нации.

Македонија на 26 март од 20.45 часот ќе го пречека Косово во полуфиналето, а победникот од овој дуел ќе игра на гости во финалето со победникот од второто полуфинале во Д-сегментот Грузија (Тбилиси) – Белорусија (Минск/Борисов).



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top