Косово: Тачи побара Самоопределување да предложи кандидат за влада

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, по консултациите со лидерите на политичките партии побара од Движењето Самоопределување да предложи кандидат за формирање на Влада..

Во писмото испратено до актуелниот премиер и претседател на Самоопределување, Албин Курти, косовскиот претседател Хашим Тачи побара оваа партија да го номинира новиот кандидат за формирање на Владата.

„Ве молам, во име на Движењето Самоопределување, предложете нов кандидат, кој ќе има мандат за формирање на новата Влада на Република Косово“, се вели во писмото.

По денешните средби на Тачи, со лидерите на АИК Харадинај и на Иницијатива на Лимај, ставот беше да нема одржување на нови избори.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top