Косово; Весели: Очекуваме наскоро завршување на седницата за демаркација на границата со Црна Гора

Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели, рече дека очекува брзо да ја завршат седницата на која ќе биде точка за демаркацијата со Црна Гора..

Тој рече дека очекува поддршка и од опозицијата. Весели вели дека постојат добри знаци и верува дека ќе се постигне набрзо консензус.

Демократскиот сојуз на Косово најави дека по ратификацијата на договорот за одбележување на границата со Црна Гора од Собранието на Косово, ќе побара од Владата да поднесе оставка и земјата да оди на предвремени избори.

Авдула Хоти, шефот на пратеничката група на ДСК, изјави дека сегашната Влада, предводена од Рамуш Харадинај, е формирана со ветувањето да се донесат големи одлуки и според него, досега не е донесена такво нешто.

„Тоа е во интерес на државата и верувам дека наскоро ќе донесеме одлука. Седницата се одложува, бидејќи ни треба консензус, ни требаат уште неколку гласови. Само уште еден граѓански одраз на еден дел од Движењето Самоопределување, и би оделе на седница“, рече Кадри Весели, претседател на Собранието на Косово.

„Демаркацијата се чини дека ќе помине конечно, само затоа што ДСК е таа што го поддржува овој процес и создала консензус во Собранието да се надмине овој проблем. Откако ќе помине ова, ќе ги видите нашите конкретни постапки за да имаме нови избори во земјата“, изјави Авдула Хоти, шеф на пратеничката група на ДСК.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top