Косовската министерка за трговија поднесе оставка, ќе се трка за градоначалник на Ѓаковица

Косовската министерка за трговија и индустрија, Мимоза Кусари-Лила поднесе оставка на функцијата на која се наоѓаше во изминатите две години..

Причина за ваквиот потег е нејзината кандидатура за градоначалник на Ѓаковица, на престојните локалани избори. 

- Сметам дека оставката е најдобрата можна одлука, поради почетокот на изборната кампања, поточно поради почетокот на трката за градоначалник во Ѓаковица - изјави Лила. 

На новинарско прашање дали повторно ќе биде министер, таа рече дека многу повеќе ја сака општината во која е кандидат за градоначалник. 

- По идните парламентарни избори, кога и да бидат, или по еден определен период, на почеток целта ми е да бидат градоначалник на општина Ѓаковица а за останатото ќе видиме, изјави Кусари-Лила.

Локалните избори на Косово ќе се одржат на трети ноември. 




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top