Косовскиот претседател Хашим Тачи обвинет за воени злосторства

Тачи и уште девет други поранешни борци на ОВК се обвинети за воени и злосторства против човештвото од Специјалното Обвинителство во Хаг. Делата што се ставаат на товар на Тачи и останатите опфаќаат, речиси, 100 убиства, киднапирања, прогон и мачења..

Специјалното обвинителство во Хаг што ги истражува злосторствата сторени за време на војната на Косово во периодот 1998-1999 година соопшти дека Тачи и другите обвинети се сметаат за одговорни за убиства на стотици луѓе.

„Жртви на кривичните дела од обвинението се стотици лица чиј идентитет е познат и меѓу нив се косовски Албанци, Срби и Роми, како и политички противници. Обвинението е резултат на долготрајни истраги и го одразува уверувањето на Обвинителството дека може да ги докаже вон разумен сомнеж сите обвиненија содржани во неа“, соопшти Обвинителството во Хаг.

Од Специјалното Обвинителство уште наведуваат дека биле принудени да издадат јавно соопштение за обвинението поради „континуираните обиди на Хашим Тачи и Кадри Весели да ја попречуваат и подриваат работата на Специјалниот суд“. Кадри Весели инаку е поранешен претседател на Собранието на Косово и лидер на Демократската партија.

Според наводите на обвинителството во Хаг, Тачи и Весели „спровеле тајна кампања за укинување на законот со кој е основан Специјалниот суд со цел самите да не бидат изведени пред лицето на правдата“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top