Костадинов: Однесувањето на Мицковски ги помина сите граници, ги демантираме изнесените лаги, ќе поднесеме тужби до надлежните органи

Антизападното, антинародното и антимакдoнско раководство на ВМРО – ДПМНЕ појавува огромона нервоза и лажење..

Ги демантираме изнесените лаги дека претставници од мнозинството вршеле притисок или на било кој пратеник му се понудени пари, изјави Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

За невистините ќе поднесеме тужби до надлежните органи. Овие лаги изнесени во клучни моменти за иднината на Македонија ќе мора да ги докажат на суд.

Ваквото однесување на Мицковски ги помина сите граници. Ова е нездраво, ненормално, особено за човек кој е генерален секретар на најголемата опозициска партија.

Почитувани новинари, вие сте сведоци дека пратениците слободно комуницираат, разговораат, се движат низ собранието.

Од овде, од храмот на демократијата, јасно порачуваме дека нема да им успее на Мицкоски и Груевски, тие немаат љубов кон Македонија, тие љубат едноставно криминал. Тие се за конфликт, криминал и сиромаштија.

Ние со граѓаните на Македонија сме за иднина, просперитет и економија.

Ги повикувам моите колеги од ВМРО-ДПМНЕ да се спротивстават на антизападниот играч Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту едно лажно обвинување и вест нема да ја закочи иднината на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top