Ковач: Седум бодови се многу, но и достижни

Дербито на Бундес лигата меѓу лидерот Борусија Дортмунд и Баерн заврши со победа од 3:2 на домашниот тим, иако гостите од Минхен во два наврати водеа..

Победата на Борусија и овозможи предност од седум бодови на табелата, пред Баерн кој се наоѓа на третото место.

– Игравме одлично во првиот дел. Во второто полувреме бевме изненадени со две контри и тоа не смееше да ни се случи. Мислам дека гледачите видоа фантастичен натпревар. Во првиот дел се беше во нашите раце, се опуштивме, а тоа не смее да ни се случчува. Седум бодови изгледаат многу, но во фудбалот се е можно, изјави по дуелот тренерот на „баварците“ Ковач.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top