Ковачев: Македонски идентитет не може да се гради со негирање на сè што е бугарско

Во пресрет на почетокот на преговорите со ЕУ, бугарскиот европратеник Андреј Ковачев денеска изјави дека Бугарија останува на ставот дека современиот македонски идентитет не може да се гради со негирање на сè што е бугарско, преку, како што посочува, митол.

„Тие признаваат дека историските факти се загуба за сегашноста и иднината. Тие велат дека ако го прифатат ова, Бугарија ќе победи и ќе мора да се откажеме од Гоце Делчев. Им велиме: Напротив, тој е и ваш. Не само што не треба да се предаваме, туку треба да го славиме уште повеќе заедно. Сите револуционери од 19 век и почетокот на 20 век ги имаме заеднички. Ние сме заеднички наследници на овие луѓе и во Бугарија и во денешна Северна Македонија.

Премиерот Зоран Заев на прашањето дали би прифатил Гоце Делчев да е Бугарин само за преговорите со ЕУ, одговори со оптимизам дека ќе се најде корисно решение за обете страни.

Заев најави разговори со бугарскиот колега Борисов веднаш штом ќе се нормализира состојбата во Бугарија. Имено, бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов исто така рече дека Бугарија ќе ја блокира земјата доколку Заедничката комисија на историчари не ги надмине разликите. Шефот на македонската комисија, Драги Ѓорѓиев, одговори дека политичките ултиматуми се контрапродуктивни, додавајќи дека разликите се надминуваат само со конструктивност од двете страни.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top