Ковачиќ објаснува зошто Ливерпул загубил кај Црвена Звезда

Сензација во 4. коло во Лигата на шампиони, беше приредена во соседството, во Белград, каде домаќинот Црвена Звезда неочекувано го совлада Ливерпул со 2:0..

Таа победа одекна надалеку во фудбалска Европа и многу други фудбалски стручнаци и играчи ја прокоментираа.

Победата на Белграѓани, односно слабоста на Ливерпул во Србија ја прокоментира и фудбалерот на Челси, Матео Ковачиќ.

„Ливерпул се мачеше во Белград затоа што таму атмосферата е секогаш пеколна и ужасно е тешко да играте во такви услови. Тоа се натпревари на кои се бара максимална посветеност и фокус 90 минути“.

„Ако влезете на таков натпревар неподготвено, сигурно губите, а очигледно дека Ливерпул беше неподготвен. Нека ни биде Ливерпул како пример, да не ни се случи и на нас нешто слично“, истакна Ковачиќ.

Челси вечерва не дозволи изненадување па со 0:1 победа кај Бате Борисов во Лига Европа, со 12 бодови се веќе патници во нокаут фазата од ова натпреварување.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top