Ковачиќ по секоја цена сака да замине од Мадрид

Хрватскиот репрезентативец, Матео Ковачиќ, по секоја цена сака да го напушти Реал до крајот на преодниот рок..

Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ по секоја цена сака да го напушти Реал до крајот на преодниот рок.

Ковачиќ е играч на Реал од 2015 година, кога за 30 милиони евра пристигна од Интер, меѓутоа тој не успеа да се избори за некоја позначајна улога во тимот. Хрватот има три трофеи во Лигата на шампионите, а нема одиграно ниту секунда во финалните мечеви.

Шпанските медиуми пишуваат дека тој им порачал на клупските челници дека сака трансфер.

„Ковачиќ инсистира на да си замине, дури и го прекинал одморот за да договори трансфер. Доколку не може да биде во стартниот состав, тогаш не сака да остане во Реал“, пишува весникот „Спорт“.

Според истиот извор, ваквиот став му создава многу проблеми на новиот тренер на Реал, Хулен Лопетеги.

Реал наводно не сака да го продаде Ковачиќ бидејќи во клубот сметаат дека тој во иднина ќе го замени сонародникот Лука Модриќ.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top