Ковид-19 во светот зеде 16.000 жртви, европското жариште се сели во Шпанија, се‘ повеќе заразени на Балканот

Повеќе од 360.000 луѓе се заразени со коронавирус во светот, а од нив нешто повеќе од 16.000 починаа, од кои околу 10.000 во Европа..

Во Италија вчера втор ден по ред опадна бројот на починати. Во саботата беа 793, во неделата 651, а вчера 602. Жариштето како да се сели во Шпанија, каде што вчера починале 462 луѓе.

Зголемувување на бројот на заразените се регистрира и во балканските земји. Во Словенија заболени се околу 500, во Хратска – 315, во Србија – 249, во БиХ 136, во Албанија – 104, Косово – 35, Црна Гора – 27… Речиси секаде има по неколкумина починати, а најмногу во Турција – 37.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top