Крај на блокадата на Вухан, стотици луѓе чекаа да го напуштат градот

Повеќе стотици патници го напуштаат кинески Вухан со воз, јавува Франс прес од лице место..

На железничката стница патниците го чекале полноќ по локално време, (16:00 по средноевропско) за да заминат.

Тоа беше моментот кога кинеската власт ја укина целосната блокада на Вухан, градот од 11 милиони жители во кој почна пандемијата на вирусот ковид-19.

Укинувањето на целосната блокада на градот од кој никој не можеше да излезе од 23 јануари, е знак дека Кина е на крајот на кризата предизвикана од коронавирусот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top