Крај на доминацијата на Ѓоковиќ: Надал се враќа на првото место!

Уште не може да се каже кој ќе ја заврши 2019 година на првото место на АТП листата, но се знае дека на 4 ноември таму ќе застане Рафаел Надал..

На тој ден од контото на Ѓоковиќ ќе бидат избришани 1.600 бода освоени лани на турнирите во Лондон и Париз, додека Рафа Надал нема да загуби ништо затоа што лани не играше таму. Со оглед на тоа што разликата меѓу двајцата тенисери е само 320 бода, Шпанецот ќе биде првопласиран.

Интересно е тоа што Ѓоковиќ не може ни да настапи на некој непланиран турнир дотогаш затоа што турнирите во Виена и Базел се играат во истиот период кога е закажан негов егзибициски меч против Надал во Казахстан. Надал во својата кариера беше првопласиран точно 196 недели. Рекордот е на Роџер Федерер и изнесува 310 недели.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top