Крај на фудбалската кариера: Гвардиола сака да стане претседател, но не на Барса, туку на Каталонија

Еден од најуспешните фудбалски тренери во историјата Пеп Гвардиола е на пат да ја прекине кариерата во спортот за да почне политичка..

Шпанските медиуми денеска објавија дека тој се наоѓа на листата на кандидати за влез во каталонскиот парламент на досегашниот лидер Карлес Пуждемонт за изборите на 21 декември. Но, крајна цел на Гвардиола е да стане претседател. Не на Фудбалскиот клуб Барселона како што беше најавено порано, туку на Каталонија.

И сестрата на Гвардиола е одамна влезена во политиката и беше во најтесното раководство на досегашната каталонска влада која неодамна беше разрешена затоа што објави независност. Тренерот на Манчестер Сити и порано се залагаше за отцепување на Каталонија, а потоа го критикуваше насилството од централната власт при референдумот на 1 октомври.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top