Крај на приказната: И Конте ги олади навивачите на Интер

Два дена цел свет зборува за можниот трансфер на Лионел Меси во Интер кој би дошол како последица на лошата атмосфера во екипата на Барселона и во клубот воопшто..

Каталонските медиуми денеска објавија дека нема шанси да се случи такво нешто, но конечниот збор околу оваа приказна го имаше тренерот на „нераѕурите“, Антонио Конте по мечот против Џенова.

„Гласините за Лео Меси и неговиот трансфер во Интер се апсолутно лажни. Не верувајте на тие лажни вести. Неговиот трансфер во Интер не е можен дури ни на Фантази“, изјави Конте.

Меси има 33 години договор на уште една сезона, а управата на клубот се обидува да го продолжи истиот. Сепак, тој ја чека новата управа бидејќи идното лето има претседателски избори во Барселона по што ништо нема да биде исто.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top