Крај на сите дилеми: Донесена е конечна одлука за Санчо

Ако некој се сомневаше во одлучноста на Борусија Дортмунд да го задржи Џејдон Санчо, од вечерва нема повеќе дилеми..

Спортскиот директор на „милионерите“ Михаел Цорк објави дека нема ништо од трансферот во Манчестер Јунајтед и покрај големиот интерес од Олд Трафорд.

„Ќе го имаме Џејдон Санчо во тимот и претстојната сезона, одлуката е конечна. Мислам дека тоа е одговор на сите прашања. Минатото лето ја прилагодивме неговата плата за таа да се поклопи со развојот на фудбалерот и го продолживме договорот до 2023 година“, откри Цорк.

Уште одамна Борусија го постави 10 август како краен рок за евентуален трансфер на Санчо со оглед на тоа што денеска почнаа подготовките на тимот за новата сезона. Од цената нема отстапување – 108 милиони фунти.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top