Крајот на Роналдо се наближува, Јувентус има стратегија

Кристијано Роналдо неодамна во едно интервју истакна дека сериозно размислува за животот по фудбалот и дека се е возможно во следните година или две што веднаш ги алармираше навивачите на Јувентус..

Неговиот договор со „Старата дама“ истекува во летото 2022. година, меѓутоа постои сериозна можност Португалецот да го напушти Торино и порано.

Годините полека го земаат својот данок, го покажа тоа Кристијано и на мечот против Леверкузен каде, покрај неколкуте промашувања нетипични за петкратниот освојувач на „Златната топка“, покажа и нервоза и покрај постигнатиот гол.

Италијанските медиуми пишуваат дека Ањели, Недвед и Паратичи веќе размислуваат за човекот кој би го зазел местото на Роналдо, а се претпоставува дека тоа ќе биде некој помеѓу 20 и 27 години.

Килијан Мбапе, Хари Кејн, Нејмар и Мохамед Салах се само некои од играчите кои би можеле да бидат „новиот Роналдо“ не само во играчка, туку и во маркетиншка смисла која на Ањели му станува се поважна.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top