„Кралевите“ со привилегии во Велика Британија: Реваншот меѓу Сити и Реал ќе се игра на „Етихад“

Реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид е на програмата на 7 август, а секој кој влегува во Велика Британија од Шпанија мора да оди во самоизолација..

Освен Реал Мадрид. Државниот секретар за спорт Оливер Дауден веќе изјави дека дуелите од Лигата на шампионите и Формула 1 ќе се одвиваат според планот.

Според наводите на „Скај Спортс“, Дауден не го променил својот став, односно учесниците во Лигата на шампионите и возачите кои ќе се натпреваруваат на патеката Силверстоун нема да бидат опфатени од мерките по влегувањето во Велика Британија.

Меѓутоа во управата на Реал Мадрид се подготвени и за тоа сценарио кое подразбира реванш од осминафиналето од елитното европско натпреварување на стадион кој не е „Етихад“. 

Ако таквото сценарио се реализира, најлогично би било „Кралскиот клуб“ заостанувањето од 2:1 против Манчестер Сити да се обиде да го анулира во Лисабон, каде ќе се играат останатите мечеви од Лигата на шампионите.

Шпанските шампиони се подготвени да се вратат на тренинзите, каде што ќе ги извршат понатамошните тестови за Ковид-19 кои ги пропиша УЕФА.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top