Кралска мизерија: Реал пак не го победи Леванте

Реал Мадрид може утре да заостанува 21 бод зад лидерот ако Барселона слави во градското дерби со Еспањол..

Вечерва “кралевите” им приредија ново разочарување на своите навивачи откако вторпат сезонава не успеаја да го совладаат Леванте. На домашен терен во третото коло одиграа 1-1, а дуелот во Валенсија заврши 2-2.

Реал два пати водеше, прво со голот на Рамос, а потоа преку Иско, но Леванте играше храбро и успеа да дојде до бод. Во 42. минута израмни Боатенг, а во 89. минута стрелаше Пацини во своето деби за новиот клуб.

Енис Барди беше на клупата и не доби шанса да придонесе во успехот на својот тим.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top