Кратко и јасно од Солскјер: Зошто не доведовме офанзивен играч

Тренерот на „ѓаволите“ кратко ја прокоментира ситуацијата поради која не довеле нов офанзивен играч ова лето..

Трансфер периодот Јунајтед го заврши со тројца фудбалери, Бисака, Џејмс и Мегваер, притоа продавајки го Ромелу Лукаку, со што си ги намалија офанзивните опции за и дната сезона.

Солскјер потврди дека парите биле тука за вистинскиот трансфер, но дека вистинскиот или вистинските играчи не биле достапни.

„Парите беа на маса за нови трансфери, но вистинските играчи не беа достапни“, констатира норвешкиот стратег.

Многу од навивачите сметаат дека со ова што Јунајтед не ангажира офанзивен играч, Солскјер си ги скрати шансите за поголем маневар, со што низ текот на времето и тој ќе стане играчка во рацете на нивните озлогласени сопственици, семејството Глејзери.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top