Крауч: Еден ден ќе им раскажувам на внуците дека сум бил две минути со Меси на теренот

Легендарниот напаѓач Питер Крауч привлекува големо внимание со своите изјави..

Крауч промени многу клубови во Англија, но 201 сантиметри високиот напаѓач најголема трага остави во дресовите на Ливерпул и Стоук Сити. Вкупно во професионалната кариера постигна 205 гола, но сега доминира со своите изјави надвор од терените.

Неодамна со својата изјава за ВАР насмеа голем број навивачи.

„Да играв во ерата на ВАР моите раце би биле во офсајд барем при 50 мои гола“, напиша Крауч.

Сега зборуваше за Лионел Меси и се пофали дека еден ден ќе може да им зборува на внуците дека играл заедно на теренот со Аргентинецот. Тоа го прокоментира во свој стил.

„Ќе дојде момент кога ќе можам да им кажам на своите внуци дека сум го делел теренот со Меси Траеше само две минути – 60 секунди на домашен терен и исто толку на гости, во нокаут фазата од ЛШ 2017. година. Но, нема врска, евидентирано е. Ќе им го кажам тоа повеќе пати бидејќи е најголемиот фудбалер на сите времиња“, изјави Крауч.

На крајот порача дека Меси е „фудбалер кој сакате барем еднаш во животот да го видите“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top