Криминал од „соништата": Како човек без ден стаж и без ниедна трансакција на сопствена сметка, рекетираше половина држава?

Боки Тредичи и Сињора Катица последователно во Понеделник и Вторник ќе одат на „муабет" кај Вилма Рускоска..

Јавноста во Македонија како да не може да поверува во капацитетите на Бојан и Катица и нивната умешност да изнудат пари на ваков начин, и како да бара нови „жртви"

Кој е „Големото Око" на оваа акција? Можно ли е познати бизнис „ѕверки" да паднат на фоловите на Боки 13, а притоа да немаат дополнителен притисок?

Извори блиски до пријателите на Боки тврдат дека тој до ден денешен нема ниту ден работен стаж, дека никогаш немал ниту денар на својата трансакциска сметка, која патем повеќе години му е блокирана?

Како е можно политичката елита но и бизнис заедницата, заедно со т.н. новинарски ведети да не го знаат овој момент ? Или дали сево ова им било познато но имале дополнителен „мотив" ?

До нашата редакција доаѓаат огромен број на информации поврзани со овок мега скандал , особено оние кои се поврзани со исказите на лицата кои давале исказ во обвинителството.

Во интерес на истрагат, но и со цел да не повредиме некој од законските прописи во Македонија, а особено поради фактот што немаме конкретни докази за истите, нема да објавиме ниту една од тие непроверени и непотврдени информации.

Но доколку има барем малку вистина во нив, сигурни сме дека исказите на една повозрасна госпоѓа, еден бизнисмен од југот на земјава како и исказот на една друга госпоѓа ќе бидат сериозно интересни за обвинителката Вилма Русковска

Особено интересен е моментот на распит на една продавачка од салон за мебел. Логиката вели дека е повикана затоа што Боки Тредичи најверојатно купувал мебел во истата плаќајки во кеш. Но дколку плаќал во кеш сума поголема од 500 евра, дали тоа го правел и за другиот движен и недвижен имот?

На крај , дали јавноста ќе дознае зошто дел од бизнис заедницата правела договори со Меѓународниот Сојуз на Боки 13 , и дали парите ги префрлале на приватни сметки?

Мега скандалот познат како „Рекет“ изгледа дека навистина за некого ќе биде „пандорина кутија", како што впрочем и најави  Бојан Јовановски во своето последно, засега, интервју , на телевизијата на својот татко и Јасна Мандиќ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top