Криотерапија: ставете коцка мраз на вратот за да ја зголемите енергијата

Криотерапија: ставете коцка мраз на вратот за да ја зголемите енергијата.

Ова е стар метод за разладување, познат на многумина, но според традиоциналната кинеска медицина, ладењето на една посебна точка во вратот може да предизвика ослободување на еден хормон наречен ендорфин, задолжен за доброто расположение. Но не само тоа! Овој метод помага и за лекување на бројни болести и тегоби. 

Што се случува кога ќе ставите коцка мраз на местото каде што се спојуваат главата и вратот?

Многу едноставен метод за подмладување на организмот кој можете да го практикувате дома, а нема да ви одзема многу време и уште помалку пари.

Се работи за ставање на коцката мраз на посебно место во пределот на вратот, поточно меѓу тетивата во пределот на вратот, во малата вдлабнатина, место кое ги спојува главата и вратот.

Кинезите оваа точка ја нарекуваат Фенг Фу, а тврдат дека го подмладува целиот организам, ги отстранува болестите и ви ја зголемува енергијата, полетот и доброто расположение.

Имено, не само што ќе се подмладите и ќе се чувствувате поздрави, порасположени и поенергични, туку и ќе се излечите од многу болести или ќе спречите нивна појава.

УПАТСТВО:

Легнете на стомак и ставете ја коцката мраз на назначеното место. Држете ја така околу 20 минути. Можете да ја фиксирате со фластер, завој или марама.

Правете го тоа редовно, наутро и навечер пред спиење, со паузи од 2-3 дена. Користејќи го методот на овој начин, нема да настинете.

На почетокот, во првите неколку дена, можно е да се почувствувате еуфорично. Ова се должи на зголеменото ослободување на ендорфин во крвотокот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top