Кривичниот совет се уште не донел одлука дали е прифатено обвинението за случајот на СЈО „Талир“

Не е оценето обвинението за предметот „Талир“, велат од Крвичниот суд откако дел од медиумите објавиа дека за него има позитивна оценка и наскоро ќе почне судењето..

„Советот за оценка на обинителен акт одржа јавна седница во присуство на странките, но до овој момент сеуште не е донесено решение за оценка на обвинителните акти. Со оглед да за истиот предмет, против еден обвинет врз основа на признание на вина, веќе е донесена пресуда, не треба да се извлекува заклучок дека се оценети и обвинителните акти“, се вели во известувањето до Кривичниот суд.

Во предметот „Талир“ на СЈО обвинети се шестмина. За незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се товарат екс премиерот Никола Груевски и неговите соработници - Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димовски, Леко Ристовски. Обвинение имаше и за Елизабета Чингаровска но нејзе нема да и се суди откако ја призна вината па во спогодба со СЈО доби двегодишна условна казна.

Според обвинението на специјалното обвинителство, шестемина го прекршиле законот за финансирање на политички партии и законот за спречување корупција па во период од неколку години со притисоци врз компании кои имале договори со државни институции барале пари за финансирање на партијата. Собраните пари наместо да се уплатат во државниот буџет завршувале на сметка на партијата. На овој начин обвинетите прибавиле незаконски средства за финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во износ од над 4 милиони евра.

Според обвинението на СЈО, на сличен начин се градел и новиот објект на партијата со што таа прибавила имотна корист од над 8 милиони евра.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top