КРИЗА ВО АЛБАНИЈА: Бивш министер тргувал со дрога

Албанија ја „тресе“ сериозната политичка криза затоа што екс министерот за полиција, Саимир Тахири, наскоро треба да биде уапсен поради наводно учество во трговија со дрога..

Тој пред неколку години најавуваше дека ќе се спроведе владеење на правото на секој дел од Албанија. 

Налог за негово апсење е издаден во четвртокот, но парламентарната комисија  не успеала да дојде до одлука за укинување на пратеничкиот мандат. Како што пренесуваат албанските медиуми, поранешниот министер тешко ќе успее да го избегне апсењето, затоа што почетната декларативна поддршка од неговите социјалисти и од премиерот Еди Рама, полека се топи.

Саимир Тахири беше министер за внатрешни работи од 2013 до март 2017 година, кога Еди Рама го разреши од функцијата. Пред неговата смена, опозицијата го обвини за врски со мафија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top