Kromberg & Schubert денеска отвора фабрика во Битола

До 2015 година се очекува бројот на вработените да биде 2.500.

Во индустриската зона Жабени, кај Битола, денес свечено ќе биде отворена новата фабрика на германската компанија Kromberg & Schubert.

На свечениот настан предвидено е да се обратат Ханс Отто Кромберг сопственик на Групацијата Kromberg & Schubert GmbH, македонскиот премиер Никола Груевски, министерот задолжен за странски инвестиции Веле Самак, како и градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Kromberg & Schubert е компанија која произведува кабли за возилата ауди, мини морис и БМВ. Во фабриката во Битола веќе се вработени над 800 лица, до декември се очекува уште 200 вработувања, а до 2015 година се очекува бројот на вработените да се заокружи на 2.500.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top