Куба осудува остра реторика на САД, отворена за разговори

Кубанските власти осудија најава на американската администрација дека ќе воведат нови санкции за таа држава, но нагласуваат дека се отворени за разговори со Вашингтон..

Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон ги нарече вчера Куба, Венецуела и Никарагва „тројка на тиранијата“ нагласувајќи дека тие држави претставуваат „деструктивни сили за угнетување, социјализам и тоталитаризам“.

Кубанскиот министер Карлос Фернандес де Косио изјави на прес конференција дека Куба силно отфрла јазик и „вулгарност“ што го употребил Болтон во своето обраќање.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top