Курц повторно одби во Австрија да дојдат деца од кампот на Лезбос

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска го повтори своето спротивставување на приемот на деца бегалци од опожарениот грчки логор Морија..

„Австрија нема да прифати деца од опожарениот логор Морија“, истакна Курц во австрискиот парламент.

Како што потсети, Австрија е на третото место во Европа според приемот на бегалци и направила повеќе од другите земји заедно.

Тој исто така посочи дека 17 од 27 земји на ЕУ не сакаат да учествуваат во приемот на бегалците од Морија, што го промовира Германија, а меѓу нив се и Шведска и Шпанија, земји каде социјалдемократите се на власт.

Тој рече дека во основа го поддржува европскиот пат во однос на миграцијата и бегалците, но е против политиката што ги „мами“ луѓето во Европа со лажни ветувања, а од кои профитираат само шверцерите.

Курц на тој начин реагираше на барањето на пратениците на НЕОС кои апелираа на хуманост и солидарност, на кое се придружија Социјалдемократската партија и Зелените.

Партијата за слобода на Австрија (ФПО) се спротивстави на приемот на деца од Морија, предупредувајќи на негативните ефекти од овој чин и повика на ефикасна заштита на надворешната граница на ЕУ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top