Курц топло го поздрави Договорот меѓу Скопје и Атина

Австрискиот канцелар за „Катимерини“ коментира дека треба веднаш да запрат преговорите меѓу ЕУ и Турција, бидејќи „Турција во изминатите години се оддалечува од Европа и од европските вредности“, пренесува дописничката на МИА од Атина..

Договорот меѓу Скопје и Атина покажува дека упорните преговори и дипломатијата носат резултат, вели канцеларот на Австрија, Себастијан Курц во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ и ја потенцира австриската поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

-Топло го поздравуваме договорот меѓу двете страни. Покажува дека упорните преговори и дипломатијата носат резултат. За Австрија, регионот на Западен Балкан е основен приоритет во нашата надворешна и европска политика, но и на нашето претседателство со ЕУ. Ја поддржуваме линијата на комесарот за проширување, Јоханес Хан. Обезбедувањето чесен и веродостоен пат кон ЕУ за земјите од Западен Балкан им служи на нашите интереси на безбедносно, политичко и економско ниво – вели Курц.

Австрискиот канцелар за „Катимерини“ коментира дека треба веднаш да запрат преговорите меѓу ЕУ и Турција, бидејќи „Турција во изминатите години се оддалечува од Европа и од европските вредности“, пренесува дописничката на МИА од Атина.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top