Курдите и исламистите повторно се степаа во Германија

Околу 1.300 полицајци беа мобилизирани во пристанишниот град каде живеат околу 35.000 курди..

Нови инциденти меѓу Kурди и исламисти имаше во минатата ноќ во германскиот град Хамбург, но тие не беа толку интензивни како во претходната ноќ, јавија германски медиуми.

- Eден човек е повреден во судирите меѓу курди и исламистички активисти по мирни протести на околу 1.300 луѓе кои се собраа да протестираат против напредувањето на Исламска држава во курдски градови во Сирија, наведе полициски портпарол во Хамбург.

Околу 1.300 полицајци беа мобилизирани во пристанишниот град каде живеат околу 35.000 курди.

Насилствата на улиците ги вознемирија властите за можно прелевање на конфликтот од Сирија и Ирак во Германија чија курдска заедница се смета за една од најголемите во Европа (над еден милион луѓе според Асоцијацијата на курдите во Германија), јавуваат германски медиуми.

Весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг, објави дека канцеларот Ангела Меркел е вознемирена од пасивноста на Турција спрема џихадистите од Исламска држава што може да се одрази врз безбедноста во Германија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top