Курдите на 25 септември ќе гласаат за независност од Ирак

Парламентот на Ирачки Курдистан изгласа денеска одржување референдум за независност од Ирак на 25 септември, како што беше претходно најавено..

Одржувањето на референдумот, како што смета меѓународната заедница, ќе предизвика нова нестабилност во регионот, кој се соочува со терористичката организација Исламска држава.

Официјален Багдад е против одржување на референдумот, а исто така и Иран и Турција, кои најавија соодветни реакции доколу се случи осамостојување на Ирачки Курдистан. Турски претставници дури истакнаа дека постои можност и за употреба на сила.

Парламентот одржа седница во Ербил, во северниот дел на Ирак.

Претседателот на автономната област Масуд Барзани претходно денеска изјави дека референдумот нема да биде откажан, иако САД и западните сили го побарале тоа од Курдите.

– Се уште немаме добиено предлог кој би бил алтернатива за курдскиот референдум, нагласи Барзани.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top